ОК брендот ја раскажува својата тајна крај брегот на македонскиот бисер.

Добре дојдовте во OK Апартманите!

Само за вас, создадовме нов волшебен свет на нова дестинација... Патувајќи од Скопје за Охрид, со себе ја понесовме среќата од досегашниот успех, убавите спомени од нашите гости, и нескриената страст да креираме место каде ќе се чувствувате пријатно и убаво далеку од својот дом.

„Барајќи го Немо“, ќе наидете на Дори, на Марлин и на останатаите апаратмани, 14 на број, а секој од нив со својот дизајн и ентериер ја доловува сликата на подводното царство со широк спектар на бои и форми ... Секој апартман располага со простор за дневен престој и комплетно опремена кујна, 2 спални соби и уредено дворно место.

И кога на сета оваа магија, ќе го додадете сјајот на Охридското езеро и првата утринска средба со градот на светлината, ќе посакате овие волшебни моменти да траат вечно.

ОК апартмани - Дозволете си удобност, далеку од Вашиот дом!

 



Дома

Апартмани

Галерија

Инфо

Контакт